Германската машинска индустрија стравува од загуби при евентуален Брекзит

Од:

Германската машинска индустрија денеска соопшти дека стравува од загуби на еден од своите наважни извосни пазари- Велика Британија, доколку на референдумот следниот месец Британците го поддржат излегувањето од ЕУ (Брекзит), пренесе ДПА.

-Трговијата со Велика Британија забележливо ќе биде потешка во случај на Брекзит. За индустрија, која има голем извоз тоа би бил значаен товар, изјави Улрих Акерман, експерт за надворешна трговија во Сојузот на германската машинска изградба (VDMA).

Во текот на 2015 година германската индустрија во Велика Британија испорачала машини во вредност од 7,2 милијарди евра, што е зголемување од 5,8 проценти во однос на претходната година и земјата ја нареди на четврто место на списокот на најважни пазари за извоз на машини со марката „Made in Germany“.

Акерман забележа дека британските клиенти се уште не пројавиле воздржаност во порачките, но „несигурноста расте и од двете страни на Ла Манш со наближување на денот на референдумот“, на 23 јуни.

Машинскоиндустрискиот сојуз изразува стравување и за директните странски инвестиции на Германија во Велика Британија при евентуален Брекзит: Во 2014 година 155 германски компании инвестирале во 200 британски фирми.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија