Германската економија ќе бележи раст поради бегалците

Од:

Германската економија ќе добие значителен поттик за раст во неколкуте наредни години поради стотиците илјади бегалци кои пристигнуваат во земјата, јави дописникот на МИА од Берлин.

Економската анализа на „Оксфорд Економикс“ покажува дека приливот на еден милион луѓе во наредниве три години ќе влијае на зголемување на германскиот бруто домашен прозивод за 0,6 проценти до 2020 година.

Аналитичарите од Оксфорд сметаат дека бегалците покрај на економскиот раст, можат да влијаат и на намалување на опасноста од инфлација, со што Владата во Берлин може да размислува за други начини на стимулација во економијата.

Со анализата се потврдуваат тврдењата дека Германија со прием на бегалците покрај за решавање на хуманитарната криза, ќе влијае директно и на својата економија.

Во исто време не се исклучуваат ниту позитивните демографски трендови затоа што најчесто токму од семејствата на имигрантите доаѓаат најбројните семејства во средините каде што ретко може да се видат семејства со две или повеќе деца.

Германија до крајот на 2015 година според германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел би можела да примми над еден милион бегалци, кои хуманитарните организации ги третираат како жртви на војните, а од бизнис секторот се доживуваат како млади и енергични луѓе кои можат да ја зајакнат националната економија.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија