Германија размислува да ги направи дизел возилата еколошки почисти

Од:

Германското Министерство за транспорт денеска претстави план чија цел е преку измени на дизел возилата да се намали загадувањето на воздухот.

– Мораме да размислуваме за тоа како веќе постоечките возила да ги направиме почисти. За таа цел ќе ни треба соработка од производителите на автомобили, изјави германскиот министер за транспорт Андреас Шојер.

Прашањето на дизел возилата, кои испуштаат високи нивоа на азот оксид, станува се поактуелно во Германија, а неколку германски градови веќе го забранија движењето на дизел возила по нивните улици.

Хамбург затвори две улици за дизел возилата, додека Штутгарт планира вакви мерки во 2019 година.

Меѓу техничките решенија кои се разгледуваат се додатоци на ауспухот на автомобилот, како и софтверски решенија кои веќе се применуваат на најновите дизел возила.

Германското Министерство за екологија бара од автомобилските компании бргу да ги спроведат овие измени и тоа да биде на нивен трошок, додека компаниите бараат државна помош за таа цел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц