Германија повторно го урна рекордот во бројот на вработени

Од:

Нивото на невработеност паднало на рекордно ниско ниво во јануари и покрај приемот на над еден милион бегалци во последните 12 месеци.

Невработеноста во најголемата европска економија се опоравува покажуваат анализите на германските статистичари кои што забележале дека бројот на невработени се намалил за 0,1 од 6,3 % во Декември на 6,2 % во Јануари.

Нивото на невработеност мерено како однос меѓу вкупниот број невработени и целата популација паднало за 20 илјади и дошло на рекордното ниво од 2,732 милиони во првиот месец од 2016 година, објави Федералната канцеларија за вработување.

Според голем дел од аналитичарите огромниот број на бегалци требаше да го засити и пазарот на работна сила но благодарение на растот на економијата од 1,7% и зголемента потрошувачка невработеноста е на рекордно ниво.

Баварскиот економист Јоханес Мејр вели дека не се остварија предвидувањата за намалување на невработеноста поради приливот на бегалците а состојбата не ја променило ниту поради минималната плата.

Во споредба со другите европски земји Германија има убедливо најниско ниво на невработеност. Втората најголема економија во ЕУ има невработеност на ниво од 10,2 процетни а најмногу невработени имаат Грција (24,5 %) и Шпанија (20,8 %).

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија