Германија очекува одржлив пакет за Грција

Од:

Германската Влада очекува Грција и нејзините доверители утре да најдат компромис за нов кредит, но нема гаранции дека Атина ќе добие намалување на долгот, се вели во изјавата на германското министерство за финансии.

– Очекуваме дека ќе бидеме во можност да се договориме за одржлив целосен пакет мерки, одговори денеска во Берлин портпаролот на министерството за финансии Јерг Вајсбергер на прашањето што очекува од утрешниот состанокт на министрите од еврозоната.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според Вајсбергер, Германија останува на ставот дека овие мерки за Грција ќе можат да бидат усвоени дури по крајот на третиот пакет помош кој завршува идната година.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Силен земјотрес во Грција

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени