Германија и САД најголеми инвеститори во Русија

Од:

Германија и САД ги држат првите две места според бројот на странски инвестиции во Русија за минатата година, тврди шефот на канцеларијата на ревизорската куќа „Ернс и Јанг“ за Русија, Александар Ивлев.

Според анализите на оваа фирма, бројот на германски проекти во Русија во последнава година пораснал од 36 на 43. Минатата година била рекордна за САД, кога фирмите од оваа земја од кои инвестирале во Русија се зголемил од 31 на 38.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, од другите инвеститори најбројни се француски и австриски компании, а намалување има кај италијанските фирми. Во 2016 година во Русија инвестирале вкупно 98 европски компании.

Зголемените инвестиции од западните земји во Русија се случуваат паралелно со економските санкции кои САД, Германија и другите членки на НАТО и ЕУ ги воведоа кон Москва, поради нејзината улога во украинската криза.

Би можело да ве интересира

„Макрон се мешаше во изборите во Романија“ тврди рускиот амбасадор во Букурешт

А1он

Рубио: Првите разговори меѓу Русија и Украина не беа целосно губење време

Планот за мир во Украина е готов – има 22 барања

„Блумберг“: Москва е подготвена за долготрајна војна во Украина

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“