Германија е водечка земја бренд

Од:

Германија стана водечка „земја бренд“ во светот, со што САД паднаа на второ место, покажуваат резултатите од проучувањето на пазарот.

САД пет години беа на првото место по лидерство според Индексот на национални марки на Анхолт-ГфК, со кој се проучува како луѓето ги восприемаат странските држави.

За имиџот на Германија помогнале спортот и медалите, посебно освојувањето на прво место во Светското првенство во фудбал во Бразил во јули годинава. Придонес има и политичкото лидерство во Европа, силната економија, како и високото залагање на меѓународен план.

Анхолт-ГфК, со седиште во Нирнберг, наведува дека Русија е единствената земја која бележи голем пад во глобалната репутација. Русија од 25 место по кризата во Украина падна на 50 место, пред се поради категоријата „мир и безбедност.

За истражувањето во јули испитани се 20.125 луѓе во 20 држави.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија