Германија бара промена на политиката на ЕЦБ

Од:

Земјите од Еврозоната не успеаја да ги искористат поволностите од ниските каматни стапки воведени од Европската Централна Банка (ЕЦБ) со цел да ги реформираат своите економии и да ги консолидриаат своите национални буџети, изјави денеска германскиот заменик министер за финансии Михаел Мејстер, јавува дописникот на МИА од Берлин.

– Политичарите треба да се фокусираат на проблемите на фундаменталните проблеми, како конкурентноста на националните економии и консолидација на јавните буџети. Доколку се случи тоа, ќе нема потреба од ниска каматна стапка и ЕЦБ ќе биде во можност да спроведува поинаква монетарна политика, изјави денеска Мејстер на бизнис конференција во Берлин.

Германската влада е под силен притисок на банкарскиот систем во земјата кој е најпогоден од ниските банкарски стапки на ЕЦБ. Според извештај на Бундесбанк објавен лани само една од пет германски банки до 2020 година ќе биде во плус доколку каматаната стапка во еврозоната не биде променета. Против минималната каматна стапка се и германските штедачи кои што годишно губат десетици милијарди евра на име на камати на штедни и орочени влогови.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД