Германците и натаму во „чорапи“ чуваат речиси 13 милијарди марки

Од:

Германците, 13 години по укинувањето на марките и ниваната замена со еврото, во „чорапи“ и „сламарици“ и натаму чуваат околу 13 милијарди марки, од кои 6,1 милијарди во банкноти, јавија денеска германските медиуми.

Тоа значи, дека секој Германец има околу 160 марки, од кои не можел да се „раздели“, кажуваат пресметките.

Според анкетата, спроведена за Постбанк, најголемиот број Германци не можеле да се одвојат од марките од сентиментални причини  и 74 отсто од нив изјавиле дека банкнотите ги чуваат како „делчиња сеќавања и заради чест“, 24 отсто од нив ги чуваат од вредносни причини, а 22 отсто велат дека, едноставно, старите монети на марката заборавиле да ги заменат за евра.

Германската Бундесбанк и натаму бесплатно и без ограничувања ги заменува старите пари за евра, пренесуваат германските медиуми.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија