„Газпром“: По дното на морето изградивме 373 километри од Турски поток

Од:

Најголемиот руски производител на гас, „Газпром”, соопшти дека изградил 373 километри подводни делови од гасоводот Турски поток, кој оди по должината на дното на Црното Море.

– Изградбата на гасоводот Турски поток, кој е уште еден нов гасовод за испорака на руски гас во земјите надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД), е во полн замав. Во подморската траса се изградени 373 километри гасовод, се наведува во соопштението на компанијата.

Проектот Турски поток предвидува изградба на гасовод низ Црното Море до европскиот дел на Турција и понатаму до границата со Грција.

Првиот крак на гасоводот е наменет за снабдување на турскиот пазар со гас, додека другите ќе се користат за снабдување со гас на јужна и југоисточна Европа. Секој крак ќе има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во регионот Курск, оштетен e гасоводот кон Европа

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

A1on