Гасоводот од Грција во земјава ќе влезе меѓу Богородица и Стојаково

Од:

Претставници на АД во државна сопственост „Национални енергетски ресурси“ денеска на состанок кај гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков презентираа дека гасоводот од Грција во нашата земја ќе влезе меѓу селата Богородица и Стојаково.

Според проектот, гасоводот, како што беше речено, ќе минува низ територијата на општина Гевгелија кај селата Прдејци и Смоквица, а градот Гевгелија ќе биде споен со него на приклучната станица која ќе се гради на влезот од градот.

Интерконективниот гасовод од Грција, кој ќе се вкрсти кај Неготино со гасоводот од Бугарија,беше нагласено дека има огромно значење бидејќи ќе обезбеди предуслови за поголема раширеност на гасоводната мрежа во земјата.

Беше посочено дека проектот треба да биде реализиран до крајот на оваа година,а за приклучувањето на Гевгелија во него ќе биде изработен посебен проект за секундарна гасоводна мрежа за што општина Гевгелија веќе аплицираше за негова изработка на објавениот повик од амбасадата на Шведска,УНДП и Министерството за локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил