Гасоводот Јужен поток е од заеднички интерес за Унгарија и Србија

Од:

Министрите за надворешни работи на Унгарија и Србија Петер Сирто и Ивица Дачиќ денеска во Белград изјавија дека изградбата на гасоводот Јужен поток е од заеднички интерест за двете земји, пренесува Танјуг.

– Ние ќе го реализираме проектот, бидејќи сме убедени дека тој значително ќе ја зголеми безбедноста во снабдувањето со гас за Централна Европа, и сметаме дека Јужен поток е од европско значење, изјави Сирто по средбста со српскиот колега.

Сирто нагласи дека Унгарија го разбира проблемот со Јужен поток, но бара ЕУ и Русија да ги обноват разговорите, со цел инвестицијата да одговара на барањата на ЕУ.

Дачиќ, истакна дека инфраструктурните инвестиции како Коридорот 10, железничката линија Белград-Будимпешта и гасоводот Јужен поток се од заеднички интерес за Србија и Унгарија. Според него вредноста на градежните работи на српскиот дел од гасоводот ќе изнесува над две милијарди евра, како и дека Србија годишно ќе заработува од тарифите за транзит на гас стотици милиони евра.

– Затоа ние инсистираме ЕУ да ги третира еднакво сите проекти и да не применува двојни стандарди, кога станува збор за проекти, што се однесуваат на други земји, што не се обврзани да ги исполнуваат условите, кои се поставуваат за Јужен поток, истакна српскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов