Франција забележа нагло зголемување на трговскиот дефицит во февруари од 4,8 милијарди евра

Од:

Трговскиот дефицит на Франција се продлабочи во февруари и достигна 4,8 милијарди евра поради продолжување на увозот, особено на енергијата, објави Царината во четвртокот.

-Со исклучок на енергијата, дефицитот е релативно стабилен поради целокупната слабост на трговијата од почетокот на годината, забележа Царината во своето соопштение за јавноста.

Ова зголемување на дефицитот доаѓа „по период на непрекинат пад од јули до декември 2020 година“ и главно се објаснува со „забележителното закрепнување на увозот на енергија“. Така, енергетскиот дефицит, кој остана на околу две милијарди евра секој месец од април 2020 година, се прошири за 600 милиони во февруари.

Што се однесува до извозот, растот, кој започна во јуни, забави „нагло во последните месеци“. Во февруари, извозот беше „скоро стабилен и достигна 93 отсто од нивното просечно ниво од 2019 година“.

Царината, исто така, забележува дека од спроведувањето на Брегзит на 31 декември, „трговијата со Велика Британија е нарушена“. Извозот преку Ла Манш не се врати на претходното ниво: односно одговара на 84 отсто од неговото просечно месечно ниво во втората половина на 2020 година.

Во однос на платниот биланс, кој вклучува трговија со услуги, дефицитот се проодлабочува и достигнува 2,6 милијарди, по две милијарди во јануари, според Банката на Франција. Ова влошување е резултат и на дефицитот во трговијата со стоки, но и на намалувањето на вишокот на трговија со услуги (што изнесува една милијарда евра наспроти 1,2 милијарди во јануари).

Овој вишок се топи како резултат на падот, односно колапсот на глобалниот туризам предизвикан од пандемијата Ковид-19, што особено ги погодува земјите од јужна Европа и Франција.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано