Француската Влада планира да го сведе јавниот дефицит на три проценти од БВП во 2015 година, во согласност со европските обврски, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Првата етапа според новиот владин план е да дефицитот во 2014 година биде намален на 3,8 отсто.
Паралелено со намалувањето на јавниот дефицит (државата, социјалната заштита и локланите теритроијални заедници) кој ќе продолжи се до 2017 година, владата планира структурален дефицит, односно независно од економската коњуктура на 2,1% од ВБП во 2014 и 1,2 отсто во 2015 и 0,3 проценти во 2017 година.