Франција се соочува со сериозни економски и финансиски проблеми

Од:

Само неколку дена пред да биде претставен буџетот за 2015 година, француската Влада одлучи да ги отвори картите. Министерот за финансии Мишел Сапан, придружуван од министерот задолжен за буџетот Кристиан Екер, изутринава ги претставија прогнозите за економскиот раст, инфлацијата и јавниот дефицит за 2014 и 2015 година, јавува дописникот на МИА од Париз.

Министрите беа директни: ниту една од зацртаните цели на владата и претседателот Оланд нема да бидат исполнети.

–        Економскиот раст за 2014 година се предвидува да изнесува 0,4% и за 2015 година 1%, наместо предвидените 1,7%.

–        Инфлацијата во Франција за 2014 година ќе изнесува -0,5% и +0,9% во 2015 година.

–        Јавниот дефицит ќе биде околу 4,4% од ВБП, наместо предвидените 3,6%, кои потоа беа сведени на 3,8%.

Во францускаат државна каса ќе се слеат помалку две милијарди евра во 2015 година, а за да се надомести недостатокот, владата засега не предвидува зголемување на даноците. Наместо тоа владата се обврзува да заштеди една милијарда евра на сметка на трошоците на државата, како и во здраствената заштита.

Владата и понатаму смета да ги одржи своите цели за 50 милијарди заштеди предвидени до 2017 година, започнувајќи со заштеда од 21 милијарда во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата