Франција подготвува 25 милијарди евра за да ги ублажи последиците од војната

Од:

Франција планира да ги ублажи последиците од руската инвазија врз Украина со мерки „тешки“ 25 милијарди евра, најави премиерот Жан Кастекс.

– Целта е да се ублажат краткорочните последици во најранливите сектори, објасни Кастекс на вчерашната презентација на мерките.

Владата на тој начин ќе им помогне на компаниите со висока потрошувачка на енергија, земјоделството, рибарството и транспортот.

Само за земјоделскиот сектор е планирана помош до 400 милиони евра, што треба да го намали притисокот од повисоките трошоци за добиточна храна.

Рибарите ќе добијат субвенции од 35 евроценти за литар гориво за чамци, покрај паричната инјекција што веќе ја најави Здружението за риболов.

Транспортниот сектор ќе добие 1.500 евра по камион за трошоци за гориво во следните четири месеци.

Програмата за државно субвенционирање на платите, која требаше да ги зачува работните места во текот на пандемијата на Ковид-19, ќе биде продолжена, како и мерките за зачувување на ликвидноста на компаниите со проблеми во снабдувањето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето