Франција нема да ја исполни целта за јавен дефицит од три отсто од БДП

Од:

Францускиот завод за ревизија на државните сметки оцени дека Франција има многу мали шанси да ја исполни зацртаната цел за намалување на државниот дефицит на ниво од при проценти од бруто домашниот производ (БДП), јави дописникот на МИА од Париз.

По објавувањето на извештајот на Завод за ревизија шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус изјави дека остварувањето на целта „е можно“, но министерот за буџет Жером Каузак во интервју за радиото Франс Интер призна дека сепак ќе биде тешко дефицит да се сведе на три отсто на БДП во 2013 година.

– Тоа ќе биде тешко. Шансите да се постигне целта се намалуваат, како што се намалуваат и прогнозите за економскиот раст, изјави францускиот министер за буџет.

Каузак најави дека на 15 март Владата ќе предложи свој план за стабилност и дури тогаш ќе се види дали ќе бидат ревидирани некои зацртани параметри.

Француската Влада настојува да го намали структуралниот дефицит, односно делот кој не е поврзан со екононската конјуктура. Во 2013 година предвидено е структуралниот дефицит да биде намален за два процентни поени.

Париз се надева дека Брисел ќе ги „олабави“ принципите, прифаќајќи целта за ниво од три проценти од БДП да важи само за структуралниот дефицит, а не за вкупниот.

МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано