Франција ќе и помогне на Грција да остане во еврозоната

Од:

Франција ќе и помогне на Грција да ги исполни финансиските обврски и да остане во еврозоната, изјави францускиот премиер Мануел Валс.

-Улогата на Франција треба да помогне грчкиот народ да остане во еврозоната, а исто така и да и помогне на Атина да ги исполни финансиските обврски во рамки на зацртаните правила. На сите ни е јасно дека нема место за политика на остра економија, која има улога на казнување и дека таа веќе не може да биде дел од планот за развој на европската заедница – рече тој.

Францускиот премиер најави дека официјален Париз во наредните денови ќе им понуди на партнерите во ЕУ докази и аргументи за предлози и идеи на претседателот Франсоа Оланд за извлекување на Европа од моменталната ситуација.

-Тие предлози и идеи ќе и овозможат на Европа повторно да заживее – заклучи Валс.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Грција

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната