Франција го избра Џенерал Електрик за купувач на дел од Алстом

Од:

Француската Влада и ги постави последните услови на американската групација Џенерал Електрик (ЏЕ) за енрегетскиот огранок на Алстом, односно сака да биде гарант за овој „сојуз“.

Притоа француската Влада врши притисок врз Буиг, еден од главните акционери на Алстом, за да купи 66 отсто од акциите, а за цената се уште се преговара, јави дописникот на МИА од Париз.

Џенерал Електрик не беше првиот избор на француската Влада, која повеќе гледаше на еден европски сојуз со германската група Сименс. Истовремено, Владата сака да влезе во Алстом во висина од 20 проценти на капиталот, што треба да и дозволи да ги диктира настаните во управниот одбор на Алстом, на неговиот претендант ЏЕ и првиот акционер Буиг, од кој француската држава сака да купи 29,4 отсто од акциите.

Целта е едноставна, францсуката држава сака да се загарантира вистински сојуз меѓу Алстом и ЏЕ, според моделот кој постои веќе меѓу ЏЕ и Сафрана за авионските мотори.

Францускиот министер за економија Арно Монтебург вели дека е подготвен да го искористи и декретот за странски инвестиции за да стави вето на операцијата доколку ЏЕ не ги прифати овие услови, и пред се ако Буиг одбие да ги продаде акциите на државата.

Арно Монтебург на првиот човек на ЏЕ и на Алстом Патрик Крон им ја предаде листата на барања од страна на Владата, долга 50 страници, на кои државата може да стави вето. Со најновиот предлог на ЏЕ, енергетскиот огранок на Алстом е валоризиран на 12,3 милијарди евра, при што ЏЕ ќе го купи најголемиот дел од енергетската индустриска активност на Алстом. Односно турбините за гас и пареа (со исклучок на нукеларните француски турбини), а додека за другиот дел од активностите предлага паритет меѓу двете групи. Истите ќе бидат контролирани од американската група, но сите со седиште во Франција, а Алстом ќе може да ја контролира активноста која се однесува на енергетската транзиција.

Париз во преговорите со ЏЕ останува сопственик на патентите кои се однесуваат на опремата наменета за нуклеарните централи, што треба да и дозволи на Франција да продава нуклеарни централи опремени со турбини од Алстом во земјите во кои американските претпријатија немаат право да прават зделки. Во тие случаи турбините ќе бидат произведувани под лиценца од страна на партнери.

Истовремено ЏЕ се обврза да отвори 1.000 нови работни места, а ако не ја исполни обврската се обврза да плаќа казни. ЏЕ ќе треба да и го отстатпи на Алстом делот кој се однесува на железничката сигнализација во износ од една милијарда евра.

Отфрлањето на предлогот на Сименс и на Мицубиши Хејви Индустри според Париз се должи на проблемот со конкуренцијата, која може да предзвика спротивставување од Брисел. Арно Монетбург се заблагодараи само за интерсот на Сименс, што само покажа дека Алстом заслужува сојуз.

Во моментов притисокот е врз Буиг од кој државата сака да купи 20 отсто од капиталот на целата група, која е специјализирана уште во градежништвото и телекомункациите.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата