(ФОТО) Бизнис форум во Израел: Има можности за зголемување на македонско-израелската соработка

Од:

Имаме природни ресурси, имаме квалификувана работна сила и Владата е определена да им помогне на претпријатијата да се развиваат. Имаме многу потенцијал, што како држава можеме да им го понудиме на инвеститорите. Соработувајте, порача македонскиот премиер Зоран Заев, обраќајќи се пред бизнисмените од Израел и од Македонија, присутни на Бизнис форумот во Ерусалим.

Владата на Република Македонија, како што соопшти владината служба за информирање ја иницирала оваа соработка во Израел поради испиративниот економски раст на оваа држава, којашто е помала од Македонија по територија, има неколку пати пати повеќе жители од нашата држава, но е меѓу првите во светот по бројот на старт ап компании, една од планираните мерки на Владата во Програмата, а бележи и напредок во иновациите и науката на светско ниво.

– Работиме на интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО, коишто значат стабилност, но и можности за инвестиции и економски развој. Наша зацртана цел е квалитетен живот за граѓаните во Македонија, рече премиерот Заев.

Посочи дека новата Влада е ориентирана кон поддршка на домашните претпријатија и создавање услови за реални странски инвестиции, како и за развој на други области, како што се земјоделството, енергетиката, туризмот…

– Имаме поволни даноци, позитивна клима за живеење, имаме добра соработка со Израел, отворени сме да примениме искуства од Израел, ве поканувам да ја посетите Македонија, им се обрати премиерот Заев на израелските бизнисмени.

Тој ги повика претставниците од бизнис заедниците на двете држави да го искористат заедничкото присуство на Бизнис формумот за да се запознаат подобро и да направат чекори напред во соработката.

На Бизнис форумот се обратија и заменик претседателот на Владата за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, а на средбата е присутен и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

– Стимулираме соработка меѓу домашните и странските компании, рече заменик претседателот за економски прашања, Анѓушев, кој додаде дека целта на Владата е да го зголеми домашното производство и на тој начин да придонесе кон раст на економијата.

Тој посочи и на потребите на Република Македонија за работа на домашните енергетски компании.

– Имаме природни богатства како што се трите природни езера, Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Македонија е богата и со минерални ресурси и термо води. Сето ова овозможува меѓусебна соработка во областа на туризмот, рече министерот за економија Бектеши. Тој додаде дека директен лет на релација Македонија – Израел, може дополнително да ја стимулира бизнис соработката меѓу двете држави.

На Бизнис форумот присуствуваат претставници на израелската бизнис заедница од областа на дигиталната технологија и компјутрскиот бизнис, земјоделството, туризмот, претставници на фирми – бизнис инкубатори, од телекомуникациите кои изразија интерес за условите за инвестирање во соодветните области.

Пред почетокот на Бизнис формумот, владината делегација предводена од премиерот Заев посети позната фирма, бизнис инкубатор. Станува збор за фирмата АtoBiAzrieli College of Engineering Accelerator, како и две светски компании од Израел, Mobilеy и Orcam, коишто почнале како страт ап компании.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он