Global Special Opportunities Ltd. (GSOL) и ФОС Асет Менаџмент (ФОС) со задоволство го објавуваат потпишувањето на договорот за повторно започнување на производството на ФЕНИ по јавниот повик од стечајниот управник. Нашата група ги задоволи сите барања за учество на јавниот оглас и уплати финансиски средства од најмалку 10 милиони евра за да го гарантира исполнувањето на своите обврски според договорот, соопштуваат компаниите.
„Тимот на GSOL денес беше добро примен во фабриката ФЕНИ од страна на голем број вработени од технички и административни функции, како и од тимот на стечајниот управник, со цел да се почне со реализација на процесот на производство.
Според договорот, производствениот процес ќе биде рестартиран, платите на вработените се обезбедени со гаранции од нашата група и сите трошоци ќе бидат покриени. Нашата група во фабриката ќе ги обезбеди сите ресурси потребни за успешно производство“ се вели во соопштението на ФОС и ГСОЛ.
„Многу сме задоволни од исходот на јавниот оглас и целосно сме подготвени да ги инвестираме сите потребни средства и да ги доставиме природните ресурси за ФЕНИ веднаш да го вратиме во процес на производството. Ние сме посветени да соработуваме со вработените во ФЕНИ, транспортерите и сите други добавувачи за да постигнеме успешен резултат и да обезбедиме просперитет за компанијата и сите заинтересирани страни”, рече Маркос Камис, извршен директор на ФОС Асет Менаџмент и инвестициски советник на GSOL.
„Нашата посветеност кон ФЕНИ го надминува овој договор и ја повторуваме нашата намера да учествуваме како инвеститор во планот за реструктуирање кој ќе доведе до излез на ФЕНИ од банкрот и успешна иднина како водечки производител на фероникел во Европа”, додаде Камис.