Фондот за иновации со инфо-сесија за прилепските фирми

Од:

Фондот за иновации и технолошки развој денеска во прилепската локална самоуправа на инфо-сесија на малите и средни претпријатија им ги претстави можностите како да аплицираат и што може да користат од средствата за финансирање проекти.

Во првиот јавен повик отворен од 28 април, кој ќе трае до 11 јуни, на располагање на стопанствениците им се 185 милиони денари.

Според Ирена Ѓорѓиевска од Фондот за иновации и технолошки развој, интересот е голем. Досега има над 250 барања за подигнување формулари. Ќе се финансираат иновативни проекти и проекти кои подразбираат технолошки напредок и право да аплицираат имаат микро, мали и средни компании.

– На располагање се четири инструменти: првиот е наменет за мали и средни претпријатија кои имаат тенденција на брз раст, таканаречени „газели“, вториот инструмент е за микро претпријатија, третиот е за сите претпријатија и е исклучиво за иновативни проекти, а четвртиот инструмент е наменет за стручно усовршување и практика за млади лица. Кофинансирањето зависи од инструментот. Највисокиот процент на кофинансирање од 70 отсто е за третиот инструмент, а за другите до 30 отсто. Очекуваме квалитетни предлог-проекти кои ќе водат кон зголемување на работни места, вели Ѓорѓиевска нагласувајќи дека нема ограничувања за компаниите и битно е проектот да содржи иновации, технолошки развој.

За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски се отвора голема можност за малите и средни претпријатија од прилепскиот регион да почнат иновативни проекти, а со тоа и да се вработуваат младите, кои, најбитно од се, рече, ќе останат во својата земја да творат.

– Како општина имаме обврска да направиме инфраструктура и да ја поттикнеме државната и општинската администрација да биде во корист на малите и средни претпријатија кои аплицираат за иновативни проекти, кофинансирани од државата. Ова е еден од начините индиректно, да ги одвратиме младите да заминуваат во странство, што пак ќе направи да се зголеми економскиот развој во градот, рече Јованоски.

Вакви инфо-сесии за начините за аплицирање на јавниот повик на Фондот за иновации ќе се одржат во повеќето општини во земјава.

Би можело да ве интересира

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Советник од Град Скопје и бизнис партнер на Макрадули добил тендер од 200.000 евра

А1он

ФИТР: До 10.000 евра за креативни алатки за полесно справување и надминување на последиците од Ковид-19

А1он

Фирмите кои добија пари од Фондот за иновации бесплатно ги понудија ИТ решенијата на граѓаните

А1он

Ќерката на пратеничката Александрова шест месеци прима плата од Фондот за иновации иако мајка ѝ рече дека била волонтер

Индијците изненадени: Проектот на Орданоски е речиси ист со нашиот

Мери Јордановска