Фондот за иновации демантира дека се доделени пари на фирми пред ликвидација

Од:

Фондот за иновации и технолошки развој ги отфрли како невистинити денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ дека биле доделени средства на фирми кои се во постапка на ликвидација во Централниот регистар.

– Според правилниците за аплицирање за финансиска поддршка на Фондот, сите апликанти задолжително треба да достават потврда за тековна состојба од Централен регистар, не постара од еден месец. Ваква потврда, со јасен статус на „активен“ деловен субјект имаат доставено и двете компании „Мобидониа“ и „Омега рисрч“, се наведува во демантот од Фондот за иновации и технолошки развој.

Оттаму појаснуваат дека пред потпишување на договорот за финансиска поддршка, меѓу останатите документи се бара и потврда од Централниот регистар дека не е отворен стечај или ликвидација и оти двете споменати компании имале доставено вакви потврди.

– Фондот, како и досега, ќе остане целосно отворен за сите прашања, коментари и предлози во насока на реализација на нашите цели и програми. Со ваков пристап, со факти и вистина ќе се спротивставиме на сите обиди, преку дневно-политичка кампања, да се дискредитираат над 70 домашни компании што подготвија и ќе реализираат инвестициски проекти во економијата, велат од Фондот.

Додаваат дека во постапката за доделување финансиска поддршка постојат јасни процедури за заштита на јавниот интерес и оти исплатата на средства се реализира квартално, а не однапред и наеднаш, односно првата рата компаниите ја добијат веднаш по потпишувањето на договорите и откако ќе достават потврда за уплата на нивниот финансиски удел во проектите, додека остатокот се исплаќа по кварталниот извештај од компаниите за наменско искористување на средствата.

– За нас останува нејасно зошто опозицијата упорно настојува да обвинува и понижува над 70 домашни компании кои се обидуваат да опстанат, да го развијат својот бизнис и, што е најважно, да обезбедат нови добро платени работни места за стотици македонски граѓани. Останува и прашањето кому му пречи обидот преку иновативни проекти да се задржат креативните сили во ова општество и да се спречи одливот на млади кадри што кулминираше во последните години, прашуваат од Фондот за иновации и технолошки развој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски