„Фолксваген“ ја плати казната од 9,5 милијарди долари во САД за скандалот „дизелгејт“

Од:

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ плати казна од 9.5 милијарди долари како компензација за оштетените сопственици во случајот со манипулација на податоците за составот на штетни состојки во издувните гасови на дизел автомобилите.

Ова синоќа го соопшти Федералната трговска комисија на САД (ФТЦ).

За тоа дека Фолксваген во САД продавал коли со компјутерска програма која ги снижувала реалните податоци за штетните супстанци во издувните гасови се дозна уште во 2015 година.

Сепак, судот пресуди дека гераманскиот автоконцерн е виновен поради махинации со намалување на индикаторите за издувни гасови дури летото 2018 година. За време на судскиот процес, претставници на компанијата признаа дека правеле махинации и ветија дека ќе поправат или откупат 550 илјади неисправни коли.

Според информациите, 86 проценти од сопствениците на неисправни Фолксвагени и Поршеа одбрале производителот да ги откупи нивните автомобили.

Поради „дизелгејт“, неколку топ менаџери и технички дирекори, како и екс-претседателот на компанијата, Мартин Винтеркорн, си дадоа оставка. Винтеркорн и пет други менаџери подоцна беа дадена на суд во Мичиген „поради тоа што извршиле свесна и планирана измама“ за да се изиграат регулациите за издувни гасови на САД.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска