Фискалната стабилност во Франција со дополнителни шест милијарди евра

Од:

Францускиот министер за буџет Жером Каизак оцени дека ќе бидат потребни дополнителни пет до шест милијарди евра даночни приходи до 2014 година за да се одржи фискална стабилност ветувајќи одржување глобална фискална стабилност.

– Ако не направиме ништо во поглед на даночната политика, следната година ќе има пет до шест милијарди евра помалку од даночните приходи, изјави Каизак за ТВ каналот Ероп 1 објаснувајќи дека идната година е потребно да се надомести тој износ кој е резултат на краткорично зголемување на даноците само за 2013 година.

– Буџетската ситуација на Франција воопшто не ни дозволува да бидеме лишени од даночни приходи во вредност од шест милијарди евра, оцени францускиот министер.

– Неопходно е во 2014 година да се обезбедат даночни приходи на ниво од 2013 година за да се одржи фискалната стабилност, заклучува Каизак избегнувајќи да одговори на кој начин државата ќе пополни „дупка“ од шест ммилијарди евра и одбивајќи да коментира можност за зголемување на приходите.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето