Фискален апарат со ГПРС уред треба да воведат уште 7.833 фирми

Од:

Еден месец пред истекот на рокот, 1.156 даночни обрзници регистрирале 1.595 фискални апарати со ГПРС уред. До 31 октомври 2014 година се очекува 7.833 даночни обврзници да ја заокружат постапката.

Од Управата за јавни приходи апелираат фирмите да не го чекаат последниот рок и навремено да се обратат кај некој од овластените производители заради обезбедување и регистрација на фискален апарат со ГПРС уред.

До крајот на октомври обврзани се да се регистрираат на овој систем даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, обврзниците кои вршат угостителска дејност и бензиските пумпи. Вкупниот број на овие обврзнии е 8.989 со 26.679 фискални апарати.

Другите даночни обврзници на треба да се регистрираат до 31 јануари 2015 година. Нивниот вкупен број е 39.685 со 52.975 фискални апарати.

Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат.

По успешната електронска регистрација во системот на УЈП, обврзникот може веднаш да го постави фискалниот апарат со ГПРС уред во деловниот објект и да врши регистрирање на готовинскиот промет.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал