Фирмите ќе исплаќаат К-15, но сумата може да биде и пониска

Од:

Приватните компании и натаму ќе го исплаќаат регресот за годишен одмор на вработените, но со можност тој да биде утврден и на понизок износ од утврдениот на најмалку 40 проценти од просечната месечна нето плата по работник исплатена во последните три месеци.

Како што соопштуваат од ССМ, Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија по повеќе средби, вчера го потпишаа текстот на Спогодбата за именување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Социјалните партнери во Спогодбата се договорија правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од просечната месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните 3 месеци, која претставува основица за исплата, да остане и понатаму и тоа да го користат сите вработени во приватниот сектор.

– Ценејќи ја економската и финансиската состојба, постоењето на последиците од економската, финансиска и должничка криза и потешкотиите кај одделни работодавачи, а со цел да се обезбеди сигурноста на работните места и елиминирање на опасноста од нивно губење, партнерите како исклучок договорија дека правото на регрес за годишен одмор може да се утврди и во помал износ од утврдениот, но само доколку се постигне спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација, но по претходна задолжителна консултација со синдикатот на ниво на гранка или оддел. Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат, спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците, наведуваат од ССМ.

Социјалните партнери се договорија да се продолжи и важноста на Колективниот договор за приватниот сектор од областа на стопанството за уште 2 години.

Социјалните партнери, како што истакнуваат во соопштението, по скоро двомесечни преговарања ја покажаа и на овој начин вредноста на социјалниот дијалог, определбата да нема кратење на работничките права, но и грижата да не дојде до нарушување на нормалниот процес на производство и губење на работни места.

Би можело да ве интересира

Дејановски: Слушаме ветувања ќе има повисоки плати, а добивме неисплатени плати, скратени додатоци, зголемени цени и иселени млади

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Трендафилов: Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Трендафилов: Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра