Фирмите да го почитуваат Законот за третман на опасниот отпад

Од:

Од 380 фирми во Македонија кои поседуваат или создаваат опасен отпад, односно батерии и акумулатори, 54 имаат склучено договор за собирање и транспортирање со фирмата „Нулта отпад“ која има лиценца за вршење на таа дејност издадена oд Министерството за животна средина и просторно планирање(МЖСПП). Според фирмата „Санс-АГ“ од Штип која има лиценца за собирање отпадни гуми, од статистичката проценка од 5.000 тони отпадна гума во Македонија тие досега имаат собрано 35 проценти. Досега се собрани 45 тони акумулатори и 1,5 тони батерии.

Ова денеска на прес конференција го кажаа претставници од фирмите лиценцирани за собирање и транспортирање отпад и од МЖСПП со цел да ја зголемат свеста кај правните лица кои работат со ваков опасен отпад да постапуваат според Законот.

Ана Каранфилова-Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад при МЖСПП посочи дека Законот има за цел да избегне генерирање на отпадот, да се искористи како ресурс и одржливо да се управува со отпадот со цел да се зачува животната средина.

Доколку не се почитуваат одредбите од Законот, санкциите се високи и изнесуваат и до 3.000 евра по изречен прекршок.

Во Законот за управување со отпад од 2004 година во членот 6 се дефинираат видовите отпад меѓу кои и опасниот отпад што по својот состав може да предизвика опасност по животната средина и животот и здравјето на луѓето.

Со посебен член од Законот се уредува и постапувањето со отпад од акумулатори и батерии за што и постои посебен Закон донесен во 2010 година и правилник за начинот и постапување и постапување со отпадни гуми донесен во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов