Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат над четири милиони евра за ДДВ: УЈП објави нова листа на должници

Од:

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници на која се најдоа 5.474 фирми и граѓани кои имаат доспеани долгови до 31 август, а не ги платиле до 30 ноември. Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.12/2023 објавени се 1832 должници – правни лица, повеќе за 17 од претходната листа и 3642 физички лица, помалку за 41 од претходната листа.

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2023 изнесува 9.054.361.611 денари, (помалку за 12.727.343 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.846.892.326денари, (помалку за 53.396.335 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 207.469.285 денари (повеќе за 40.668.992 денари од претходната листа).

За физички лица вкупниот износ на долгот е повисок од 2.000 евра, а за правните лица повисок од 5.000 евра.

Топ-10 листата на должници ја предводи „Окитна Трејд“ од Визбегово која должи 648.746.023 денари по основ на ДДВ.

Втора е подружницата на чешката фирма со руски сопственик, „СГСМ Оил Гас Сервис“ која должи 222.598.613 денари, односно над 3,5 милиони евра. Трето е Јавното комунално претпријатие Гостивар кое должи околу 2,36 милиони евра.

Следува „Дивелоп Груп ДОО Скопје“, компанија во чија сопственост е хотел „Мериот“ , со долг од 2,1 милиони евра односно 130,7 милиони денари за ДДВ и данок на добивка. „Дивелоп Груп„“ е во сопственост на „Бест Веј“ фирма на синот на Сашо Мијалков, Јордан, како и на Александар Ивановски познат како Алек Теранова. Управител на „Гранд Хотел доооел Скопје“ која управува со хотел „Мериот“ е поранешниот заменик министер за внатрешни работи, Иво Котевски.

Меѓу најголемите десет должници е фирма на Трајче Заев, братучед на Зоран Заев која е деловно неактивна и има еден вработен, но должи два милиони евра за ДДВ. Оваа компанија е всушност струмичката фирма „Фероцем Плус ДОО Струмица“ основана во јуни 2017 година од Трајче Заев и Јанко Јанев. Таа фирма е преименувана во „Абира Плус ДООЕЛ“ со седиште од Струмица во Куманово, два месеца откако се затвора „Еуростандард банка“ во која должи околу 360.000 евра. Фирмата добива и нов сопственик и управител, Родна Димова која е холандски државјанин.
Меѓу останатите најголеми должници се „Мил-Давит ДОО Скопје“, „Хотел Гранд ДООЕЛ Скопје“, турската „Спектра Јеотек“, од Кратово, „Блек Си Метал Трејдинг“ од Скопје и Центарот за култура од Тетово, „Иљо Антески Смок“.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа