Финска: Даночните обврзници не смеат повеќе да ги спасуваат банките

Од:

Финска побара, даночните обврзници во еврозоната, да бидат поштедени во иднина од спасување на неуспешните банки.

„Секаде во Европа, мора да се движиме кон нормална пазарна економија, во која сопствениците и инвеститорите ги сносат загубите во случај на пропаѓање на банката“, изјави финскиот премиер Јирки Катаинен за време на својот говор за Европа во Хелсинки, а пренесе Франс прес.

Катаинен изрази надеж дека на европската банкарска унија, чие формирање е во тек, тоа ќе и послужи како основен принцип, или во спротивно „ќе се задржи актуелната ситуација, каде што даночните обврзници плаќаат за пропаста на банките“.

Според плановите за формирање на банкарска унија, се предвидува формирање механизам за спас на проблематичните банки, во кој акционерите, доверителите и големите депоненти, ќе ги сносат трошоците за реструктуирање на банките.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија трупа војска на границата со Финска

Финската енергетска компанија пред банкрот поради високите цени на струјата

Ана Ололовска

Данска и Франција за ограничување на поскапувањето на енергенсите

Шведска и Финска подготвуваат милијарди евра за компаниите поради поскапувањето на струјата

А1он

Финска ќе го намали данокот за струја и ќе ги субвенционира сметките во текот на зимата

Ана Ололовска

Гасум: Русија неделава може да ја прекине испораката на гас за Финска

Ана Ололовска