Финансиската криза во ЕУ доведе до пораст на криминалот

Од:

Финансиската криза во Европската унија доведе до пораст на криминалот, а бројот на криминалните организации во Унијата се проценува на околу 3.600.

Шефот на Европол Роб Вејнрајст предупредува дека веќе првите години од економската рецесија е зголемен прометот на сивата економија, речиси двојно, до две милијарди евра.

Некои криминални групации претставуваат транснационални корпорации, бидејќи имаат претставници во 60 и повеќе земји, пишува „Фајненшл тајмс“.

Криминалните активности вклучуваат речиси се од фалсифукување на лекови, прехранбени производи, па се до делови од авиони.

При тоа уделот на фалсификатите, кои претставуваат закана за здравјето во вкупниот обем на фалсификувана стока во 2011 година се зголемил за 14,5 отсто од периодот пред кризата.

Европол наведува дека опасните фалсификувани производи не се само прехранбени производи или лекови, туку и делови за автомобили, авиони и воена техника.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот