„Фич“ и се заканува на Белгија со намалување на рејтингот

Од:

Американската рејтинг агенција „Фич“ ја потврди оценката на кредитниот рејтинг на Белгија на „АА“, со натамошна негативна прогноза.

Ова всушност значи дека во среднорочен период третата најдобра оценка која досега и е дадена на Белгија би можела да се намали.

При оценувањето, агенцијата „Фич“ го земала предвид нивото на јавниот долг, ситуацијата со буџетот, меѓународната кредитна позиција на земјата, индексите на економска стабилност и релативно силната влада.

„Фич“ предвидува дека годинешниот белгиски долг ќе се зголеми од 106,6 отсто бруто домашен производ на 107 проценти, за до 2020 година да се намали под 100 отсто.

Би можело да ве интересира

Општ штрајк во Белгија, бунт против реформите на новиот премиер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад