Фич го намали кредитниот рејтинг на Хрватска

Од:

Меѓународната бонитетна агенција „Фич“ денеска го намали кредитниот рејтинг на Хрватска за еден степен од БББ- на ББ+.

„Фич“ ја аргументира ваквата одлука со влошувањето на буџетските перспективи на земјата и падот на економијата.

Агенцијата оваа година очекува пад на хрватската економија за 0,9 проценти, наспроти претходно предвидениот раст од 0,3 отсто.

„Фич“ сега оечкува државниот долг на Хрватска да се зголеми до 66 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во 2016 година, наспроти досегашните прогонзи на агенцијата од 62 процента.
Хрватската економија, која во голем дел зависи од туризмот, се наоѓа во рецесија или стагнација веќе четири години. Таа забележа пад од уште 0,7 отсто во вториот квартал на 2013 година.

Аналитичарите предвидуваат за оваа година пад на БДП за 0,4 проценти.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин