„Фиат Србија” прогласена за најдобра компанија

Од:

Меѓународното жири на организацијата во автомобилскиот сектор на земјите во развој “Autobest” едногласно и ја додели наградата за најдобар автомобил на “Companybest 2012” на “Фиат Србија”, објавено е денеска од компанијата.

Во образложението е наведено дека наградата претставува признание на инвестицијата на “Fiat Groupe Automobili”, која старата фабрика во Крагуевац ја претвори во моментално најмодерна и најголема фабрика за производсто на автомобили во Југоисточна Европа.

Илја Селиктар, претседателот на “Autobest” изјави дека “неверојатната е трансформацијата на оваа стара фабрика, каде Фиат ги примени најсовремените технологии кои постојат денес во овој сектор.”

– Ова е една од најмодерните фабриката за автомобили во Европа – рече тој.

Фабриката неодамна започна со производство на новиот модел на “Фиат 500 l”, кој наскоро ќе се извезува во повеќе од 100 пазари низ целиот свет, вклучувајќи ги и САД, и е исто така на листата на пет финалисти кои ќе се натпреваруваат за титулата “Autobest 2013”.

Заедно со моделите на “dačia Lodži”, “ford B – maks”, “pežo 301” и “škoda rapid”, “fiat 500L” уште еднаш ќе бидат тестирани во текот на првата недела од декември, а победникот ќе биде објавен накнадно, во текот на истиот месец.

Организацијата “Autobest” е единствено независно интернационално жири кое се занимава со вреднување на најкорисните автомобили на европскиот пазар.

Покрај тоа, оваа организација ги проценува вложените напори во автомобилскиот сектор: инвестициите, новите работни места, фондовите за еколошки иницијативи, помош за европските региони во развојот .

Би можело да ве интересира

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он

Полициски службеници попладнево влегоа во Медицинскиот факултет во Ниш

Горан Наумовски