ФФРМ ја поздравува одлуката за продолжување на рокот за легализација на трактори

Од:

Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) ја поздравува одлуката на Владата со која го прифати нивното барање за продолжување на рокот за легализација на трактори.

Според Законот процесот на легализација на тракторите требаше да заврши до 10 април така што сега се продолжува до 30 септември 2013 година. Барањето, како што се наведува во соопштението, ФФРМ го поднесе до Владата врз основа на информациите што ги доби од своето членство дека се уште станува збор за мал број трактори за кои е почнат процесот на легализација на трактори.

ФФРМ истакнува дека со легализацијата се решава еднодеценискиот проблем околу статусот на тракторите и тракторските приколки со кои граѓаните имаа проблем.

Доколку се реши проблемот со регистрацијата на тракторите, како што стои во соопштението, тогаш ќе имаат корист и земјоделците во однос на продуктивноста на самата земјоделска механизација, но од друга страна и намалување на сообраќајните незгоди.

Според статистиката Република Македонија располага со 53.606 трактори. Кај индивидуалните земјоделски стопанства доминираат тракторите од 27 до 37 кW, а кај земјоделските претпријатија тракторите од 38 до 66 кW. Податоците зборуваат дека степенот на механизација е многу низок. Ако се има предвид фактот дека околу 85 отсто од оваа механизација е амортизирана, станува јасно дека со таков капацитет на трактори не е можно да се спроведува потполна технологија на земјоделско производство, се вели во соопштението од ФФРМ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници