Во ФЕНИ Индустри од утрово е успешно рестартиран производниот процес. Електро-печката се враќа во работа со полна пареа, целосната опрема е ставена во функција и тековно се врши дотур на репро-материјали за континуирано производство.
Рестартирањето на комбинатот следи по само 3 седмици интензивни подготовки и набавки. Меѓу вработените, повеќе од 700, владее огромно задоволство и мотивираност. Покрај исплатата на долговите кон вработените од страна на Еуроникел, претставништвото на ГСОЛ во Македонија, со рестартирањето на комбинатот повторно заживуваат бројни компании и од Кавадарци и од цела Македонија преку набавките за потребите на ФЕНИ.
Целиот процес за успешно рестартирање е потпомогнат и од Стечајниот Управник и неговиот ангажман околу ФЕНИ Индустри, како и со поддршката од вработените во изминатиот период.
GSOL како компанија што има договор за преработка на руда со ФЕНИ, со истиот договор е обврзана и за повторно започнување со работа и рестартирање на производниот процес на ФЕНИ, што ќе доведе до обезбедување плати за вработените, враќање на фабриката во целосна функција и за социјално – економски просперитет на целиот регион.