Фармери од Македонија на земјоделскиот саем во Текирдаг, Турција

Од:

Вкупно 75 фармери од Македонија деновиве присуствуват на земјоделскиот саем во Текирдаг, Турција. Тие ќе остварат средби со претставници на турското Министерство за земјоделство, како и бизнис средби, а ќе ја посетат и фабриката за производство на трактори „Хатат“.

Саемот се одржува од 13 до 15 август. На него е изложена опрема за сточарство и биоенергија, а предвидена е и практична демонстрација на земјоделска механизација.

Посетата ја организира Федерација на фармери на Република Македонија (ФФРМ) во соработка со ДЛГ Фуарчилик. Целта е да се разменат искуства, да се применат нови технологии и да се остварат бизнис релации во насока на развој на земјоделството.

На отворањето на саемот ќе се обрати и претседателот на ФФРМ Никола Стаменов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Неколку лица се уапсени по судирите меѓу земјоделците и полицијата на саемот во Париз

Горан Наумовски

Домашната пченица е 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари за стокови резерви, обвинуваат фармерите

Орце Костов

Холандската влада ќе разговара со фармерите за планот за намалување на емисиите на штетни гасови

А1он

Федерацијата на фармери со барања и препораки пред почетокот на жетвата

Ана Ололовска

НФФ: Да се реализира мерката за активен женски член во земјоделско стопанство и да се зголеми бројот на одобрени апликации од 100 на 400

Ана Ололовска

Националната федерација на фармери бара во пакетот на економски мерки подеднакво да бидат опфатени земјоделците

Ана Ололовска