Фајненшл тајмс: Марио Драги личност на годината

Од:

Британскиот дневен весник “Фајненшл тајмс”, го прогласи претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги за личност на годината, поради спасување на еврото.

Планот на ЕЦБ за купување на обврзници е објавен во август и аналитичарите истакнуваат дека тоа претставува пресвртница во тригодишната должничка криза.

Пред ЕЦБ да го објави откупот на обврзниците на задолжените земји, на финансиските пазари владееше сериозно сомневање за способноста на еврото за надминување на кризата.

Драги непосредно пред објавувањето на веста за откуп на обврзници рече дека во рамките на мандатот во ЕЦБ ќе стори сé за да го спаси еврото.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот