Еврозоната согласна Грција да остане членка

Од:

Лидерите на државите од еврозоната донесоа одлука да ја остават Грција во еврозоната „врз основа на согласност постигнат со Атина за исполнување на обврските кон кредиторите“.

– Постигнато е взаемно разбирање за трета програма за помош за Грција за да се гарантира останување на државата во еврозоната, изјави извор близок до преговорите во врвот на еврозоната во Брисел.

Според него, постои согласност за тоа како да се дејствува, но треба да се прецизираат некои детали.

Првиот чекор што треба да го преземе Грција е нејзиниот парламент да прифати до 14 јули согласност за структурни реформи. Станува збор за нацрт закони меѓу кои за приватизација, пензиска и даночна реформа.

В среда треба да има нова средба на еврогрупата на која ќе се потврди за почнување преговори за конечно обезбедување на тригодишна програма за кредитирање на Грција.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент