Еврозоната нема да деблокира финансиски средства за Грција пред да започнат ветените реформи

Од:

Еврозоната нема да деблокира финансиски средства за Грција, пред земјата да започне да ги спроведува ветените реформи, изјави шпанскиот министер за економија Луис де Гиндос.

– Ќе се види дали списокот со реформи е целосен. Нема да има никакво плаќање пред да се изврши проверка, која ќе покаже дека реформите се одобрени и започнати, истакна Гиндос во интервју за британскиот весник „Фајненшал тајмс“.

Неговата изјава противречи на тврдењето на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека исплаќањето на европската помош ќе започне штом Грција ќе им го поднесе новиот список со реформи на кредиторите.

Во Берлин денеска ќе се оствари средба меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и Ципрас, посветена на грчкиот долг. 

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина