Еврото е на најниско ниво во последните 20 години, се зголемува стравот од рецесија

Од:

Азиските акции денеска паднаа шеста сесија по ред, по новиот скок на цените на енергенсите во Европа. Скокот на цените ги поттикна стравувањата од рецесија и ги зголеми приносите на обврзниците, додека европската валута – еврото падна на најниско ниво во последните 20 години.

Референтните цени на гасот во Европската Унија се зголемија за 13 отсто во текот на ноќта на рекордно високо ниво, откако се удвоија за само еден месец и стасаа 14 пати повеќе од просекот во изминатата деценија.

Аналитичарите на американската банка Сити вчера предупредија дека инфлацијата во Обединетото Кралство би можела да надмине 18 отсто доколку не се ограничат цените на енергијата, што е за девет пати повеќе од целта на Банката на Англија. Инфлацијата на потрошувачките цени последен пат достигна такво ниво во 1976 година.

Аналитичарите сметаат дека „тешката енергетска ситуација“ сугерира дека врвот на инфлацијата сè уште не е достигнат, со голема можност инфлацијата да остане висока уште некое време доколку не дојде до реакција од централните банки.

Еврото вчера го достигна најниското ниво во однос на доларот во последните дваесет години и падна под нивото на паритет. Едно евро чинеше 0,9937 долари.

Најавеното затворање заради одржување на гасоводот Северен тек 1 од 31 август до 2 септември дополнително ги зголеми стравувањата од недостиг и доведе до енормно зголемување на цената на гасот во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Курсот на еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во повеќе од една година

Доларот ослабе, курсот на еврото над 1,10 долари

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна во однос на еврото

Бесљими: Ние сме за преоден рок, нема да има казна за користење динари

ЕУ бара разјаснување и ги анализира мотивите на Косово за прогласување на еврото како единствена валута

А1он

Косово го воведе еврото како единствена валута

Анита Петровска Рајковиќ