Евростат: Во Европската унија има над 25 милиони невработени

Од:

Над 25 милиони работоспособни мажи и жени биле невработени во рамки на земјите-членки на Европската унија во текот на јуни, од кои 17,8 милиони од земјите на Еврозоната, соопшти денеска Евростат.

Според Евростат, 10,4 проценти од жителите на Унијата немаат работа, што е за 127.000 лица повеќе споредено со мај 2012 година, од кои дури 123.000 се од земјите-членки на Еврозоната.

Споредено со јуни 2011 година, бројот на невработени во ЕУ се зголемил за 2,1 милиони лица, од кои нешто над два милиони се од земјите кои за своја валута го имаат еврото.

Меѓу земјите-членки на Унијата, најниска стапка на невработеност има Австрија (4,5 проценти), а по неа следуваат Холандија (5,1 проценти) и Луксембург (5,4 отсто). Највисок процент на невработени има во Шпанија, дури 24,8 проценти и во Грција (22,5 отсто).

Споредено со минатогодишната статистичка податоци, бројот на невработени опаднал во седум земји-членки на ЕУ, се зголемил во 19, а останал ист само во Шведска.

Најголем пад на процентот на лица без работа е забележан во Естонија од 13,6 на 10,9 проценти, во Летонија од 17,1 на 15,3 проценти и во Литванија од 15,4 на 13,7 отсто. Најголем раст на стапката на невработени за само една година е регистриран во Грција од 16,2 во јуни 2011 на 22,5 отсто минатиот месец, во Шпанија од 21,2 на 24,8 проценти и во Кипар од 7,6 на 10,5 проценти.

Меѓу земјите со двоцифрена стапка на невработеност се и Португалија (15,4 проценти), Ирска (14,8 отсто), Словачка (13,8 проценти), Бугарија (12,4 отсто), Унгарија (11 проценти), Италија (10,8 отсто) и Полска (10 проценти).

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ