Европските млади инженери разменија идеи за развој на личните и професионалните вештини

Од:

Вкупно 150 млади инженери од сите европски земји учествуваа на 46-тата виртуелна конференција на тема „Поврзување на инженерските перспективи“, во организација на Клубот на млади инженери при Инженерската институција на Македонија, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Конференцијата се одржува во годината кога се обележува јубилејот 100 години од формирањето на првото здружение на македонските инженери.

Младите инженери разменија идеи за развојот на личните и професионалните вештини. Голем број мотивациски говорници и предавања од директорите на ЕВН, УЛТРА, МЕПСО, ОКТА, КОСТАЛ и Коленко, потоа универзитетски професори, експерти и многу други професионалци во рамки на автомобилската, прехранбената и медицинската индустрија, енергетиката и градежништвото, ги споделија своите знаења и искуства со младите инженери, правејќи мост помеѓу трендовите во новите технологии, како што се машинското учење, биоинженерингот, вештачката интелегенција и изнаоѓање решенија за борба против природните катастрофи предизвикани од климатските промени.

Конференцијата со свои обраќања ја отворија претседателот Пендаровски, претседателот на Инженерската институција на Македонија, Христина Спасевска, претседателот на македонските млади инженери, Николина Шутиноска и претседателите на Европските федерации на инженерите и на младите инженери, Ралф Апел и Фредерик Шулце Шпунтруп.

Би можело да ве интересира

Инженери на Македонија: Водата е добро на сите граѓани, за тендерот за Чебрен требало да се распише референдум

Орце Костов

Груби и Бочварски станаа експерти за патишта: Со инженерската фела ќе дебитираат за„Бехтел и Енка“

Орце Костов

Меѓународно советување на Здружението на инженери МАКО СИГРЕ во Охрид

Igor Smilevski

Промовирана монографијата „15 години Инженерски прстен“

Ана Ололовска

БЕСТ Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери потпишаа Меморандум за соработка

Наум Локоски

Младите инженери од Македонија примени во Европската федерација на млади ниженери

Ана Ололовска