(ВИДЕО) Европски ден на статистиката: Македонскиот статистички систем се развива согласно европските правила и стандарди

Од:

Република Македонија е посветена на имплементирање на европските вредности и денеска на одбележувањето на Европскиот ден на статистика ја потпиша Декларацијата за посветеност на довербата во официјалната статистика. Декларацијата ја потпишаа премиерот Зоран Заев.

– Националниот статистички систем во Македонија се развива и понатаму ќе се развива во согласност со правилата и стандардите на европскиот статистички систем. Државниот завод за статистика денес претставува синоним за независна институција која постојано ги унапредува и модернизира своите истражувачки процеси и методологии согласно европските пракси и стандарди, истакна премиерот Заев.

Спроед премиерот, потпишувањето на Декларацијата претставува симболичен чекор напред поблиску до стратешката цел на РМ членство на земјата во ЕУ и НАТО.

Тој потенцира дека веродостојните статистики се неопходен услов за креирање одржливи политики и научни истражувања базирани врз докази и добра функционирална демократија.

Во таа смисла, додаде, кредибилитетот на националниот статистички систем е еден од неопходните услови за доверба во мерките на политиките што ги усвојува и спроведува Владата на РМ, но и за научните анализи, истражувањата и трудовите што произлегуваат од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите научно образовни установи.

Директорот на Државниот завод за статистика порача дека статистичките податоци не се само обични бројки, тие се патоказ за креирање на подобро утре.

Важноста, како што додаде, е во точни и квалитетни статистички податоци.

– Денес статистичките податоци претставуваат патоказ и средства за креирање на тоа подобро утре за кои сме одговорни сите во својот делокруг на работењето, рече Симовски.

Директорката на Евростат посочи дека лично верува во моќта на објективна статистика што може да го направи светот подобро место.

– Статистиката ни овозможува да донесуваме и формираме одлуки што ја обликуваат нашата иднина, нашите животи без оглед каде живееме, дали е тоа Скопје, Луксембург, рече Коцева.

Декларацијата со усвојувањето се приклучи на земјите кои веќе ја имаат потпишано како што се Шведска, Словенија, Ирска, Белгија, Грција, Романија, Црна Гора и Албанија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти