Европската унија воведува фиксен лимит на бонусите на банкарите

Од:

Претставници на земјите во Европската унија и Европскиот парламент постигнаа првичен договор за законот што го определува плафонот на бонусите, што им се исплаќаат на банкарите, пренесе БТА, повикувајќи се на еврокомесарот за прашања на внатрешниот пазар и услуги Мишел Барние.

Преговарачите се договориле бонусите да не ја надминуваат фиксната годишна плата на банкарите, посочи претставник на Европарламентот. Сумата може да се зголеми до двојниот износ на неговата плата, доколку мнозинството од акционерите на соодветната банка се согласни со тоа.

Законот за плафон на бонусите е дел од поширокиот пакет закони, што предвидуваат воведување на таканаречени правила „Базел III“ за повисоки капитални барања за банките, што, исто така, беа одобрени и се очекува следната година да влезат во сила.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот