Еврокомисијата одобри продажба на НЛБ

Од:

Европската комисија и одобри на Словенија да ја продаде најголемата словенечка државна банка „Нова љубљанска банка“ (НЛБ) до крајот на следната година, јави ХИНА.

Според извори во Брисел, согласно договорот меѓу Еврокомисијата и словенечката Влада, приватизацијата на НЛБ ќе се одвива во две фази. Во првата фаза, во текот на оваа година ќе бидат продадени 50 проценти од банката, а до крајот на 2018 година уште 25 отсто.

Со планот за приватизација на банката, предвидено е словенечката држава да задржи 25 проценти од акциите на НЛБ.

Европската комисија информира дека согласно нејзината одлука од 2013 година, Словенија требаше да го продаде мнозинскиот пакет акции во НЛБ до крајот на оваа година.

– Словенија ќе ја продаде првата транша од акциите во оригинално утврдениот рок, но земјата побара дополнително време за продажба на втората транша, информира Комисијата.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски