Еврокомесарот Отингер ги проценува можните штети од Брегзит за германската економија на една милијарда евра

Од:

Европскиот комесар за дигиталната економија и информатичко општество Гинтер Отингер ги проценува на една милијарда евра можните штети за германската економија од излегувањето на Велика Британија од Европската унија, пренесе ТАСС.

Во интервју за весникот „Билд ам Зонтаг” Отингер истакнува дека ако буџетот на ЕУ остане како досега, тогаш може да им се наложи на другите земји да притекнат во помош. Според него, ако се намали буџетот за износ еднаков на делот на Велика Британија, може да не е потребно тоа да се случува.

– Третата опција е на Германија да и се наложи да преземе дополнителни трошоци во вредност од околу една милијарда евра, вели комесарот.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД