„ЕВН Снабдување“ ќе понуди пониска цена за малите и средни компании

Од:

Над 80.000 мали и средни компании кои од есенва ќе можат сами да изберат од кого ќе се снабдуваат со електрична енергија, ќе добијат понуди со пониска цена од „ЕВН Македонија“ од досега регулираната, најавуваат од компанијата.

– Анализите на стручните тимови на „ЕВН Снабдување“ покажуваат дека компаниите ќе имаат поконкуретни цени за електрична енергија како резултат на промените во тарифниот модел, што ќе следат со либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Отворениот пазар за малите и средни компании ќе значи пониска цена на електричната енергија што директно ќе влијае на подобрување на нивната ефикасност, конкурентност и продуктивност. Значително намалување на цената на електричната енергија се очекува да има кај помалите компании, истакнуваат од „ЕВН Снабдување“.

Оттаму велат дека нивните тимови веќе работат на развој на специјални понуди кои на малите и средните компании ќе им овозможи снабдување со електрична енергија по најдобри услови и тоа прилагодено на нивните специфични потреби.

– Во следната фаза од процесот на либерализација, „ЕВН Снабдување“ ќе понуди продукти за малите и средни компании кои ќе овозможат снабдување со електрична енергија по пониска цена. Како и досега ќе понудиме најдобра цена на пазарот, како и соодветна поддршка и експертиза. Отворањето на пазарот ќе значи пониска пазарна цена само на енергијата, а тарифата за дистрибутивната мрежа и понатаму ќе биде регулирана од Регулаторната комисија за енергетика“, посочи Нико Берберу, менаџер на „ЕВН Снабдување“.

„ЕВН Снабдување“ е членка на „ЕВН Групацијата“ која има околу 8.000 вработени и 14 милиони корисници во повеќе од 20 земји.

Либерализација на пазарот на електрична енергија е предвидена во Атинскиот меморандум, чиj потписник е и Република Македонија. Првата фаза од овој процес започна во 2007 година, а предвидено е целосно да заврши следната година, кога сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата ќе можат да изберат свој снабдувач на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите