ЕВН: Броилата се отчитуваат од 15 април и корисниците добиваат порамнети и коригирани сметки

Од:

Од 15 април веќе почнаа да се отчитуваат броилата и во месец мај корисниците добија порамнети сметки. Оние кои претходно имале помала претпоставена потрошувачка добија повисоки сметки, а оние кои имаа поголема претпоставена потрошувачка помали сметки, информираат од ЕВН.

Од ЕВН уверуваат дека сите корисници кои доставиле состојби за корекција добиле корегирани сметки и дека во никој случај корисниците нема да бидат оштетени или пак да ја авансираат ЕВН.

– Ова значи дека на корисниците во сметките им е регистрирана реалната потрошувачка. Се разбира секој кој ќе забележи разлика во состојбите на броилото и на сметките во секој момент може да побара корекција на сметка. Во никој случај корисниците нема да бидат оштетени или пак да ја авансираат ЕВН. Никогаш на корисниците нема да им биде наплатено повеќе од она што реално го имаат потрошено, стои во соопштението до ЕВН.

Од ЕВН посочуваат дека и досега ги следеле препораките на РКЕ и за неотчитување и за отчитување на броилата и корекција на сметките.

– ЕВН Македонија ги почитуваше препораките на Регулаторната комисија за енергетика и Здравствените власти за да се спречи ширењето на корона вирусот според кои во периодот од 15 март до 15 април годинава отчитувањата не се реализираа. Околу 200 000 броила се наоѓаат во домовите на корисниците и во време на пандемија отчитувањето не е препорачливо. Затоа за сите корисници беа изготвени проценети фактури. Исклучок од ова беа корисниците чии броила се со двонасочна врска т.е. нивната потрошувачка постојано се мониторира, стои во соопштението до ЕВН.

Би можело да ве интересира

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Разрешени двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика

А1он

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски

РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари идната година

А1он

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал