Еуростандард банка годината ја завршува според планираното

Од:

Еуростандард банка годината ќе ја заврши во рамки на планираното. За следната година очекува раст како и досега од 30 отсто.

Директорката на секторот за работа со физички лица Марија Ефремова на прес-конференција истакна дека се уште се сумираат резултатите од сработеното во оваа година. Рече дека најголемиот дел од кредитите што ги имаат издадено на физичките лица се за рефинансирање на претходни обврски.

Со цел да имаат нешто поинакво, Банката го промовираше новиот производ Припејд платежна картичка, која се воведува првпат на македонскиот банкарски пазар.

Станува збор за картичка која ја издава Банката во четири дизајна, наменета за подарок, за еднократна употреба на која нема можност да се надополнува износот. Средствата од картичката може да се искористат во продажните места во Република Македонија или да се подигнат од мрежата банкомати.

Би можело да ве интересира

Во БиХ очекуваат економски раст од 3,8 за следните три години

Аргентинскиот министер за финансии поднесе оставка

Заев: Следува инвестициски циклус од околу пет милијарди евра

А1он

Понеповолна економската состојба во преработувачката индустрија на месечно ниво

А1он

Прометот во индустријата намален на месечно, зголемен на годишно ниво

А1он

Гацов: Политичките случувања влијаат негативно на економијата и даноците

А1он

Leave a Comment

seventeen + 10 =